Врз основа на член 387 и 385 став 3 од Законот за трговски друштва (службен весник на Република Македонија бр.28/04,84/05,25/07,87/08,42/10,48/10,24/11,166/12) како и врз основа на Член 44 и 45 од Статутот на Ад Дебарски Бањи-Цапа, а согласно Одлуката на Одборот на Директори бр.02-103/2 од 05.11.2015 година Ад Дебарски Бањи-Цапа .го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК
До акционерите за учество на вонредното собрание на АД Дебарски Бањи-Цапа

Собранието ќе се одржи на ден 17-ти декември 2015 година со почеток во 10:00 часот во просториите на Друштвото на ул.8-ми септември бр.9 Дебар

За работата на седницата се предлага следниот :

ДНЕВЕН РЕД

I Процедурален дел
• Избор на претседавач со Собранието
• Избор на записничар ( во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот ќе го води нотар)
• Избор на бројач на гласови

II Работен дел
• Разгледување на предлог одлука за отповикување на член на Одбор на директори и донесување на Одлука
• Разгледување на предлог одлука за избор член на Одбор на директори и кратката биографија и донесување на Одлука

Вкупниот број акции во Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 21000.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар ул.8-ми септември бр.9 Дебар или на меил info@bdcapa.com.
Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма (без обврска да го завери полномошното на нотар). Акционерот треба веднаш по писмен пат да го информира Друштвото, за назначување на свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно ке се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничување или инструкции за гласање.
За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од дневниот ред на седницата на Собранието за кои им важи полномошното.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.
Гласањето на точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на Дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секое од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во Дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.
Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб страна на друштвото www.bdcapa.com

Председател на Одбор на директори