Thirje për kuvend

///Thirje për kuvend

Thirje për kuvend

Друштво за бањски туризам и телесна рехаблитација

Shoqata për turizëm banjor dhe rehabilitim shëndetesor

АД ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА. SH.A.BANJAT E DIBRES CAPA

              Бр.-Nr.  02-59/3

__________02.05.2018  год.vit

Дебар-Diber

Врз основа на член 384,385 и 388 од Законот за трговски друштва (службен весник на Република Македонија бр.28/04,84/05,25/07,87/08,42/10,48/10,24/11,166/12) како и врз основа на Член 44 и 45  од Статутот на Ад Дебарски Бањи-Цапа, а согласно Одлуката на Одборот на Директори бр.02-59/2 од 02.05.2018 година Ад Дебарски Бањи-Цапа Дебар со даночен број 4008993100507 и МБ 4001150.го објавува следниот:

 

ЈАВЕН ПОВИК

До акционерите за учество на редовно  собрание на                                 Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар

 

Собранието ќе се одржи на ден 19-ти јуни 2018  година со почеток во 10:00 часот  во просториите на  Друштвото на ул.8-ми септември бр.9 Дебар

 

За работата на седницата се предлага следниот :

 

ДНЕВЕН РЕД

I Процедурален дел

  1. Отварање на Собранието;
  2. Избор на Претседавач;
  3. Избор на бројачи на гласови;
  4. Избор на Записничар и
  5. Избор на заверувачи на Записникот

 

II Работен дел

  1. Разгледување на Годишната сметка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2017 година и донесување на Одлуки
  2. Разгледување на Извештајот од ревизијата на финансиските извештаи за 2017 година на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар од Ревизорската куќа Друштво за ревизија RAFAJLOVSKI REVIZIJA DOOSkopje, како и назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар за 2017 година и донесување одлуки
  1. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2017 година и донесување Одлука
  2. Расправа и одобрување на работата на Одборот на директори и донесување на одлука

 

 

Вкупниот број акции во Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 21000.

Врз основа на член 48 од Статутот на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар гласањето во Собрание се врши јавно, освен ако со закон не е поинаку определено.

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар ул.8-ми септември бр.9 Дебар или на меил info@bdcapa.com.

Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма без обврска да е  заверена на нотар(член 392-б од ЗТД). Акционерот треба веднаш по писмен пат да го информира Друштвото, за назначување на свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно ке се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничување или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите  од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од дневниот ред на седницата на Собранието за кои им важи полномошното.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

Гласањето на точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на Дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секое од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во Дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.

Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб страна на друштвото www.bdcapa.com

 

Председател на Одбор на директор

 

2018-05-15T11:43:12+00:00

Leave A Comment