Нов модерен СПА и Велнес центар во Бањиште, со вкупна површина од над 250 м2. простори

ЦЕНТАРОТ ЗА УБАВИНА при хотел Бањиште е вистинското место за да го промените вашиот изглед. Сите третмани кои ги нуди овој центар се 100% природни бидејќи ние ги користиме само минералите кои се наоѓат во изворите на термо-минералната вода, и истите не се генетски модифицирани.

ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦЕТО е главeн чекор за да имате здрава и чиста кожа. Секој третман е различен бидејќи се прилагодува на типот на кожата, но без разлика дали имате сува, мрсна, чувствителна или нормална кожа, редовното чистење е задолжително. Отстранување на црните или белите точки е неопходен процес кој им овозможува на порите од кожата да функционираат нормално. Примената на маски потоа ќе ја регенерира кожата а вас ќе ви дава чуство на релаксација.

Ги нудиме следните пакети за лицето:

    • Отстранување на акни

    • Маска со минерална кал

    • Маска со сулфур

    • Чистење и хидратизација

    • Маска со овошна киселина

    • Галванска

    • За мажи

    • За чувствителна кожа

    • За тинејџери

Средените НОКТИ се желба на секоја девојка а лакот е совршениот моден додаток. Доколку ви е здодевно од секојдневните едно бојни нијанси на вашите нокти, еве една можност како да направите интересен дизајн, кој нема да помине незабележано од луѓето околу вас. Специјални третмани нудиме и за ублажување на кожата на нозете и рацете, а доколку сакате ДЕПИЛАЦИЈА, таа го нудиме само со природни состојки а вашата кожа ќе биде мека и сјајна.

Што друго нуди СПА Центарот ?

  • Два приватни базени со термоминерална вода
  • Хидромасажер со арома терапија
  • Фризерски салон
  • Соба за масажа
  • Соба за релаксација и електротерапија
  • Фанготерапија и топли лежалки
  • Парна бања
  • Финска сауна
  • Гардеробери, туш кабини …

МАСАЖАТА ќе ви помогнe де го отстраните стресот и да го релаксирате целото тело. Кога телото е опуштенo, тогаш се стимулира производството на ендрофинот, кои е инаку познат како хормон на “радоста„. Ендорфинот создава добро расположение а со тоа помага при намалување на болките како и ја намалува потребата за користење на лекови.

Ги нудиме следните видови на масажи:

• Релаксирачка • Рефлексна • Спортска • Спортска • Шведска • За парови • Пренатална • За екстремитети (раце и нозе)