Историја

Home/Историја
Уште од кога човештвото почна да живее на земјата, водата имаше витално значење за нашето здравје и благосостојба. Над 60% од нашето тело се состои од вода. Секоја клетка на нашето тело содржи течност која е составена воглавно од вода а истата е заштитена со надворешен слој кој, исто така, содржи вода. Секој орган и секој процес во нашето тело бара вода за да функционира правилно.

Banjisht-1909Дебарскиот регион е богат со разни термо-минерални води кои се сместени во селата Бањиште и Косоврасти каде денеска се наоѓат и две модерни бањски центри под истите имиња. Иако постојат многу легенди за овие извори, најстарото сведоштво за постоењето на балнеотерапијата во овој регион се двете антички базени во Бањиште. Тие биле изградени во 1797 година од Хаџи Муџeдин, син на Нуман Ефенди, членови на старата Оручи Заде Дебарска фамилијата од 1010 годинa. Овие базени се неодамна реновирани и може да бидат посетени од страна на нашите клиенти.

Дебарските Бањи се основани на 21 Февруари 1948 година, како бањски рекреативен центар најдобар во бившата Југославија, чиј врати беа отворени само за политичарите, армиски генерали и високата класа на општеството. Тврдењата дека овие бањи беа најдобри се потврдија во 70-тите години на минатиот век, кога Дебарскиот регион беше посетено од експертски тим состоен од лекари, геолози и физичари од Франција и Германија. Извештаи од научните студии кои беа спроведени, истакнаа дека термо-минералните води во градот Дебар, содржат околу 4 грама на разни минерали во 1 литар вода, количина која уште ден денес ја нема ниту еден друг термо-минерален извор во Европа. Минералната структура е уникатна, а водата е класифицирана како најлековита во овој континент.

 

После приватизацијата

Нова ера за Дебарските Бањи почна на 15 Октомври 2004 година, кога семејството Цапа на берза ги купи акциите на оваа компанија. Ова сензационална вест ги покри сите македонски медиуми, бидејќи беше првата приватизирана компанија за кои новиот газда плаќаше милионска сума. Новите сопственици веднаш почнаа интезивно да работат на модернизација на бањските центри Бањиште и Косоврасти, чиј изглед беше рушен во последните години.

Инвестициите го достигнаа својот врв во 2012 година, со над 1 милион евра за реновирање на 72 соби во Бањиште, 48 соби Косоврасти, 14 соби во хотел Венец и сите простории каде се нудат медицинските услуги. Сето ова кулминираше со прво место на наградите “SPA Nominations” Македонија, во категорија BALNEO, како и со прогласувње на Г-ѓа Цапа како една од 10-те најдобри жени менаџери во Македонија за 2012-та година.

Денеска во Дебарските бањи имаат над 190 вработени кои се гризат за нашите клиенти, и над 20 привремено се вработуваат за време на летната сезона.

flejtjet

 

Бањишт Косовраст

Leave A Comment