Како делуваат бањите

Home/Како делуваат бањите

Кожни болести

И покрај тоа што во денешно време се постигнати врвни резултати за третманот на кожните болести, сепак балнеотерапијата останува една од најдобрите и најсигурните опции. Но овде треба да се спомнува дека мал број на термо-минерални води во светот може да ги исполнуваат хемиските својства за третирање на овие болести, бидејќи бањите со големо количество на сумпор и хипотонична вода делуваат за лечење на кожните болести.

На овој контекст Дебарските Бањи – Цапа располагаат со термо-минерални води што на перфектен начин помагаат за лечење на многу врсти на кожни болести како што се:
Псориaза
Екзема
Дерматомукоза идр.

Посебни успеси се постигнати нарочито кај болестите на псориаза . Псориазата е хронична болест, непренослива, инфламација (запаление) на кожата што се карактеризира со црвенило на зони покриени со бели лушпи. Еден до три посто од светската популација се болни од псориаза а со поголемо темпо во Европа и Северна Америка. Повеќе е изразена кај возраста од 15 до 45 години.

Хипотоничната вода и големата содржина на сумпорот овозможува овој балнеолошки центар да биде еден од најпрочуените не само во регионот туку и пошироко. Научните студии покажуваат за големо анти-фламаторно дејство на овие сумпорни води за псориазна болест. Пациентите што се третирани во Дебарските бањи за псориазните болести имале видно подобрување и стабилизирање на симптомите. Вреди да се истакне и тоа дека сме забележиле намалување на болните површини од псориаза и намалување на активитетот на болеста.

Овие два параметри што се спомнати погоре се важен показател што се применуваат во целиот свет во врска со псориазната болест. Во хистолошките егзаминации после завршување на балнеотерапијата е приметено намалување на имунитетните клетки и на некој токсични супстанци што се база за развивање на псориазата.
Др. Аритон Маќелара

Болести на нервниот систем

Термо-минералните води на Дебарските Бањи – Цапа се хипертермални, радиоактивни, богати со олиго-елементи, и оваа содржина на водата со физичките ( термички и механички ) и хемиските својства овозможува да имаат лековити ефекти на разни болести, речиси на сите системи на организмот а освен тоа има и превентивни ефекти и помага за чување на едно здраво тело. Во неврологија има куративен ефект кај многу функционални и органски болести и тоа во акутни и хронични фази. .

Во многу случаеви освен термо-минералните води се користат и додатни терапии како: медикаменти терапии, физикална терапија ( електро, мануелни масажи ) и климатска терапија .

Механизмот на делување консистира на температурата и хемискиот состав на водата. Високите температури и апсорбирањето на хемиските елементи на водата) донесуваат до зголемување на циркулацијата на крвта на целиот организам почнувајќи од кожата, ткивата, подкожата, мускулите, внатрешните органи ; а оваа делува исто така на зголемување на дишењето и поттикнување на потта , зголемување на работата на срцето, и сите заедно делуваат за подобрување на функционалноста на организмот и зголемување на одбрамбената (имунитетна) способност .

Најчести органски болести се болести на периферен нервен систем како последица од различни трауми, инфламаторни (запалења) , компресии (стегнувања) со што доага до делумно прекинување (парези) или потешко оштетување (парализа) на тој нерв. Исто така чести случаевите кои ние ги лечиме се оштетувањата на нервниот ишијас, разни инфламаторни оштетувања како радикулите и васкуларните аксиденти или мозочните инфаркти што се последица од физички оштетувања при различни судари кои создаваат инвалидитет (хемипареза или хемиплегит). Во нервните влакна на парализираните мускули делува позитивно зголемувајќи ја функцијата, се намалува инфламацијата на нервните влакна или на атрофираните нерви и на истите им помага да се вратат во функција.

Др. Спец. Мубера Ќемали

Болести на локомоторниот систем

Локомоторниот систем е доста важен дел во организмот што ги овозможува функциите на движење, задржување стабилност на телото и неговото координирање. Болките што се создаваат од овој систем се страшни но многу е потешко ако се замисли дека не можеш да живееш еден нормален живот ако овој систем не функционира како што треба.

Целта на оваа референца е како делуваат термо-минералните води со термичките, хемијските и механичките ефекти кај ревматските болести. Термо-минералните води делуваат во реактивирање на оштетените функции на движење како што се компликации (проблеми) кај кичмата , компликации на контрактурите, анкилозите и мускулните атрофии. Термо-минералните води на Дебарските Бањи – Цапа имаат доста висока содржина на сумпор која е доста важна за кичмената капсула (артикуларе), апсорбирањето на сумпорот ја прави по мека за колебење. Сумпорот во телото не може да се земе со разни таблети или преку инекцијам туку единствен начин е да се зема преку кожата впвивајќи (апсорбирајќи) го тоа од термо-минералната вода. Нормално кај нас се препорачува од 10 – 15 дена лечење во нашиот бањски центар.

Се разбира освен термо-минералните води нашите пациенти ќе користат и мануелни масажи, разни физикална терапии како и фанготерапија која доста успешно делува и се нуди само кај нас.

Др. Спец. Латиф Дика

Leave A Comment