Бог ги благословил термо-минералните води на Дебарски Бањи и им подарил оптимална температура како и разни корисни минерали за човековото тело сурлфур, магнезиум, натриум, калиум, калциум идр. Температурата на водата изнесува 39°C во Бањиште и Косоврасти 41 °C, таа се нуди 100% природна и не се лади или догрева како што прават другите бањи. Таа исто така е многу богата со негативни јони и спаѓа во категоријата “Alive Waters”, води кои “даруваат живот” и имаат магични способности за лекување на разни болести.

Нашиот тим моментално брои над 40 физиотерапевти кои се под надзор на 6 специјализирани лекари. Секоја година се додаваат млади членови, со амбиции и нови знаења во областа на медицината. Нивната мисија е да обезбедат професионална медицинска нега со цел да лекуваат или спречуваат одредена болест. Балнеотерапијата не се препорачува само за болни и стари клиенти, нашите бањи во последно време се посетени од страна на помладата генерација која е свесна дека полесно е да се спречи една болест отколку да се лекува.И освен тоа со брзата динамика на секојдневниот живот, младите се повеќе се жалат на болки на грбот, рамото и екстремитетите.

Хидротерапија
Фанготерапија
Електротерапија
Фототерапија
Кинеситерапија
Масажа
Сауна
Воздушна терапија

 

Хидротерапија

Користењето на термо-минералните базени во интервал од 5-20 минути, во зависност од препораката на лекарот, му овозможува на телото да ги апсорбира минералите од самата вода преку кожата или инхалација на пареата. Сето ова има терапевтски ефект, бидејќи промена на температурата на телото го забрзува функционирањето на срцето, имунитарниот систем, циркулацијата на крвта, дигестивниот систем и им помага на мускулите и кожата.

Кај клиентите кои се соочуват со проблеми на дигестивниот систем, бубрезите и уринарниот систем, водата се препорачува да се конзумира, но може да го консумират и здрави лица.

Fango terapiaФанготерапија
Овој третман користи минерален кал со вулканско потекло, кој при допир со телото ја чисти и ривитализира кожата. Освен релаксирачкиот ефект, оваa терапија ќе ги исфрли токсичните супстанции од организмот, ги намалува мускулните контракции и болки, и се препорачува за лекување на остео-артритис и кожни болести.

Електротерапија
Поседуваме најмодерени уреди за електротерапија, кои се користат за мускулна релаксација и рехабилитација, подобрување на крвната циркулација, подобрување и зголемување на обемот на движење, управување со хронични боли како и пост трауми и пост хируршки зафати. Ги нудиме овие видови на електротерапија:

  • Ултра звучна
  • Магнет
  • Вакум
  • Интерферентни струји
  • ТЕНС
  • Диадинамична
  • Галванска електро стимулација

Фототерапија
Фототерапијата е форма на аплицирање на светлосна енергија во одредени делови на човековото тело за терапеутски цели. Овој третман веќе долго време се користи за намалување на болки, го подобрува расположението и спиењето, а се препорачува кај клиенти со псориаза и за лекување на рани. Ние ги применуваме следните видови на фототерапија:

  • Терапија со ласер
  • Инфра црвена и
  • Ултра виолетова

Кинеситерапија
Вежбите под надзор на специјализирани физиотерапевти се еден од главните методи на рехабилитација. Кинеситерапија се применува веднаш штом ќе се нормализира здравствената состојба на клиентот, за полесно да му се компензираат изгубените способности на движење како и да се избегне ризикот од дополнителни компликации. Вежбите кои се применуваат се следните:
Duke bere kinesi terapi

  • Пасивни
  • Пасивни функционални
  • Активни
  • Со отпор
  • Со тежина
  • Со влечење
  • Техники на дишење
  • Техники за релаксација
  • Ортостатични и учење на техники на одење

Масажа
Масажата ќе ви помогнe де го отстраните стресот и да го релаксирате целото тело. Кога телото е опуштенo, тогаш се стимулира производството на ендрофинот, кои е инаку познат како хормон на “радоста”. Ендорфинот создава добро расположение а со тоа помага при намалување на болките како и ја намалува потребата за користење на лекови. Ги нудиме следните видови на масажи:

  • За релаксација
  • Рефлексна
  • Спортска
  • Шведска
  • За парови
  • За екстремитети (раце и нозе)
  • Пренатална

Сауна
Зголемената телесна температура го поттикнува организмот на бурна реакција, при која се генерираат бели крвни зрнца, се зајакнува циркулацијата и имунитетот и затоа позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови. Поради фактот што телото опкружено со врел воздух силно се поти, сауната добро ги чисти порите, ги исфрлa токсичните субстанци од телото и помага во борбата против целулитот и прекумерната телесна тежина.

Natyra BanjishtВоздушна терапија
Сместен во планинска област богата со вегетација, која е позната за неговиот чист воздух со ниско ниво на загаденост, го прават Бањиште вистинско рај за клиенти со проблеми со алергии и дишните патишта. Косоврасти сместен покрај Дебарското езеро и канјонот на река Радикa, опкружен со високи карпи, нуди сосема друг амбиент на сместување. Прошетките на природата засекогаш ќе останат на вашите спомени.