Македонија за прв пат ова беше организатор на познатиот евенимент Балкански СПА Награди 2015 (Balkan SPA Awards), кој ги бира најуспешните компании во СПА индустријата. Награди се доделија на 8 различни категории: најдобар спа-хотел, најдобар спа- центар, најдобар здравствен спа – хотел, најдобар спа-менаџер, најдобар спа-козметика, најдобра фирма за изградба на спа, најдобра спа- инвестиција и најдобар спа- ланец, во кои конкурираа преставници од 8 различни балкански земји: Грција, Турција, Булгарија, Албанија, Косово, Руманија, Србија и Македонија.
Дебарските Бањи Цапа се прогрласија победници во категоријара “Најдобар Здравствен СПА Хотел” (Best Medical SPA), и ова е втора награда ова година во ова категорија за нашите бањи, бидејќи пред 3 месеци истата награда ја добивме и од БАХА. Мора да наведеме дека и другите бањи во ова категорија беа многу добри, но жирито кое се состои од СПА експерти од европски земји кои се членови на организацијата SPA Nominations, на анонимното гласање кое се врши онлајн, одлучи дека Дебарските Бањи Цапа се победници во ова категорија во 2015-та година.
Церемонијата се одржа во Македонскиот Национален Театар во Скопје на 18 Октомври 2015, и личеше на церемонијата на доделување на Оскари. Домаќини на церемонијата ќе бидат Сашко Коцев и Ивана Хаџиевска. Дел од програмата ќе бидат и светски познатите „Трио тенорите“ и позната поп пејачка Тамара Тодевска.
Фотографии оф HiLife БГ.
Leave A Comment