Друштво за бањски туризам и телесна рехаблитација
Shoqata për turizëm banjor dhe rehabilitim shëndetesor
АД ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА. SH.A.BANJAT E DIBRES CAPA
Бр.-Nr. 02-55/1
__________12.05______2016 год.vit
Дебар-Diber
Врз основа на член 384,385 и 388 од Законот за трговски друштва (службен весник на Република Македонија бр.28/04,84/05,25/07,87/08,42/10,48/10,24/11,166/12) како и врз основа на Член 44 и 45 од Статутот на Ад Дебарски Бањи-Цапа, а согласно Одлуката на Одборот на Директори бр.02-51-3 од 26.04.2016 година Ад Дебарски Бањи-Цапа Дебар со даночен број 4008993100507 и МБ 4001150.го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
До акционерите за учество на редовно собрание на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар
Собранието ќе се одржи на ден 15-ти јуни 2016 година (Среда) со почеток во 10:00 часот во просториите на Друштвото на ул.8-ми септември бр.9 Дебар
За работата на седницата се предлага следниот :
ДНЕВЕН РЕД
I Процедурален дел
- Отварање на Собранието;
- Избор на Претседавач;
- Избор на бројачи на гласови;
- Избор на Записничар и
- Избор на заверувачи на Записникот
II Работен дел
- Разгледување на Годишната сметка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2015 година и донесување на Одлуки
- Предлог – Одлука за одобрување на Годишната сметка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2015 година
- Предлог –Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2015 година
- Предлог-Одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар
- Разгледување на Извештајот од ревизијата на финансиските извештаи за 2015 година на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар од Ревизорската куќа Друштво за ревизија RAFAJLOVSKI REVIZIJA DOO Skopje , како и назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар за 2016 година и донесување одлуки
- Предлог – Одлука за За усвојување на Извештајот за извршената ревизија на консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар
- Предлог одлука за За назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар за 2016 година
- Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2015 година и донесување Одлука
- Предлог – Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2015 година
- Расправа и одобрување на работата на Одборот на директори и донесување на одлука
- Предлог – Одлука за одобрување на работата на членовите на одборот на директори за 2015 година
- Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот на неизвршните членови на Одборот на директори
Вкупниот број акции во Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 21000.
Врз основа на член 48 од Статутот на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар гласањето во Собрание се врши јавно, освен ако со закон не е поинаку определено.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават до Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар ул.8-ми септември бр.9 Дебар или на меил info@bdcapa.com.
Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма заверена на нотар. Акционерот треба веднаш по писмен пат да го информира Друштвото, за назначување на свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно ке се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничување или инструкции за гласање.
За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од дневниот ред на седницата на Собранието за кои им важи полномошното.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.
Гласањето на точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на Дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секое од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во Дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.
Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб страна на друштвото www.bdcapa.com
Председател на Одбор на директор
Leave A Comment