На 22 Јуни 2018, официално се пушти во упортеба првиот Аква Парк со термо минерални води во Македонија и во Југо-Западниот Балкан. Проектот го нарковме Aqua Spark, каде зборот аква е синоним за познатите термо-минерални води во Дебар, додека Спарк:
- СПАРК е спојување на 2 збора СПА и ПАРК = СПАРК, Спа е интернацинална кратенка за бањи, иначе во превод е стил на живеење, додека Парк стои за самиот воден парк кој го изградивме.
- Спарк на Англиски јазик значи “ИСКРА”, и тоа ни се допадна многу бидејќи сметаме дека нашите води секогаш биле искра за развивање на Дебарскиот крај.
Aqua Spark е изграден во комплексот Косоврасти, многу блиску до патот што го поврзува Дебар со Маврово и Гостивар, со прекрасен поглед кон Дебарското Езери и река Радика. Беше еден многу тежок проект за реализација бидејчи е многу тешко да се направат водени атракции со термо-минерални води, имајќи во предвид нивната минерална структура. Горди сме што на крај што успеавме да реализираме еден уникатен и прекрасен проект, на површина од над 6000м2, кој работи и во Лето и во Зима.
СУПЕР ПОНУДА ВО ЕСЕН
СПЕЦИАЛНИ ЦЕНИПОБРЗАЈТЕ, НЕМА ДА ТРАЕ ДОЛГО
Деца до 3 години – БЕСПЛАТНО
Деца 3-12 Години – 100 Den
Возрасни – 200 Den

Што нуди Аква Спарк за нашите клиенти?
- Полу-Олимписки базен.
- Затворен базен 150 m2.
- Отворен базен за деца 600 m2, со над 62 различни точки за играње на деца од 2-12 години.
- Отворен базен за возрасни и деца, 250 m2, со 2 топогани за возрасни и 2 атракции за деца 2+ години.
- Многу атракции на вода: Хидромасажни дизни со вода и воздух, џакузи, пештера, водопади, противструјно пливање, бавна река, масажери на различни точки, грејзлери… и многу други.
- Инфра Црвена сауна
- Финска Сауна
- Парна Бања
- Џакузи и масажа
- Центар за СПА Третмани
- 2 Базени по 35 м2 со термо-минерална вода со температура од 42 Целсиусови степени
- 12 приватни базени (кади) со термо-минерална вода со температура од 42 Целсиусови степени
- Ресторан и Бар.
Видео од Гроупер
Leave A Comment