Друштво за бањски туризам и телесна рехаблитација

Shoqatapërturizëmbanjordherehabilitimshëndetesor

АД ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА. SH.A.BANJAT E DIBRES CAPA

Бр.-Nr. 02-60/3

__________02.05.2019 год.vit

Дебар-Diber

Врз основа на член 384,385 и 388 од Законот за трговски друштва (службен весник на Република Македонија бр.28/04,84/05,25/07,87/08,42/10,48/10,24/11,166/12) како и врз основа на Член 44 и 45 од Статутот на Ад Дебарски Бањи-Цапа, а согласно Одлуката на Одборот на Директори бр.0260/2 од 02.05.2019 година Ад Дебарски Бањи-Цапа Дебар со даночен број 4008993100507 и МБ 4001150.го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

До акционерите за учество на редовно собрание на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар

Собранието ќе се одржи на ден 11-ти јуни 2019 година со почеток во 10:00 часот во просториите на Друштвото на ул.8-ми септември бр.9 Дебар

За работата на седницата се предлага следниот :

ДНЕВЕН РЕД

I Процедурален дел

  1. Отварање на Собранието;

  2. Избор на Претседавач;

  3. Избор на бројачи на гласови;

  4. Избор на Записничар и

  5. Избор на заверувачи на Записникот

II Работен дел

  1. Разгледување на Годишната сметка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2018 година и донесување на Одлуки

    1. Предлог – Одлука за одобрување на Годишната сметка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2018 година
    2. Предлог –Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2018 година
    3. Предлог-Одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар

  1. Разгледување на Извештајот од ревизијата на финансиските извештаи за 2018 година на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар од Ревизорската куќа Друштво за ревизија RAFAJLOVSKI REVIZIJA DOOSkopje, како и назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар за 2019 година и донесување одлуки

    1. Предлог – Одлука за За усвојување на Извештајот за извршената ревизија на консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар

    2. Предлог одлука за За назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар за 2019 година
  2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар за 2018 година и донесување Одлука

    1. Предлог – Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2019 година

  3. Расправа и одобрување на работата на Одборот на директори и донесување на одлука

    1. Предлог – Одлука за одобрување на работата на членовите на одборот на директори за 2018 година

    2. Предлог – Одлука за опоределување на награда за работа на неизвршните членви на Одборот на директори

Вкупниот број акции во Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 21000.

Врз основа на член 48 од Статутот на Дебарски Бањи Цапа АД Дебар гласањето во Собрание се врши јавно, освен ако со закон не е поинаку определено.Предлог одлука за определување на награда за работа на неизвршните членови на ОД Javen povik предлог одлука за распределба на добивката 2018 предлог одлука за усвојување на Извештајот за извршената ревизија 2018 предлог одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар предлог одлука за назначување на овластен ревизор 2019 Предлог одлука за одобрување на Годишната сметка за деловната 2018 година предлог одлука за одобрување на Годишниот извештај 2018 Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на ОД

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават до Дебарски Бањи-Цапа АД Дебар ул.8-ми септември бр.9 Дебар или на меил info@bdcapa.com.

Секој акционер може да овласти со полномошно (физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на Друштвото, со давање полномошно во писмена форма заверена на нотар. Акционерот треба веднаш по писмен пат да го информира Друштвото, за назначување на свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно ке се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш водејќи сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничување или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од дневниот ред на седницата на Собранието за кои им важи полномошното.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на Дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

Гласањето на точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на Дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секое од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во Дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори, по писмен пат.

Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото и на официјалната веб страна на друштвото www.bdcapa.com

Председател на Одбор на директор

Javen povik

Предлог одлука за определување на награда за работа на неизвршните членови на ОД

предлог одлука за распределба на добивката 2018

предлог одлука за усвојување на Извештајот за извршената ревизија 2018

предлог одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар

предлог одлука за назначување на овластен ревизор 2019

Предлог одлука за одобрување на Годишната сметка за деловната 2018 година

предлог одлука за одобрување на Годишниот извештај 2018

Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на ОД